Утрински Весник
Свет

Два рибарски чамци се превртеа во Калифорнија, осум лица загинаа

Два рибарски чамци се превртеа во Калифорнија, осум лица загинаа

Најмалку осум лица загинаа откако два рибарски чамци се превртеа во близина на брегот на Сан Диего, Калифорнија. Акцијата за пребарување и спасување започна доцна синоќа по локално време, откако пожарникарите добиле повик за рибарски чамци во неволја во близина на брегот на Сан Диего.

dobivaj vesti na viber

Жената која се јавила на 911 рекла дека била на брод со уште осум луѓе кои стигнале до брегот, но дека имало друг брод со осум до 10 луѓе што се превртел. Противпожарната служба, полицијата и крајбрежната стража одговориле на повикот и пронашле два превртени чамци и осум тела. Потрагата продолжи и утринава по локално време.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат