Утрински Весник
Свет

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Migranti begalci.jpg

Најмалку 21 лице загина откако чамец со мигранти потона крај брегот на Сенегал, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

Властите синоќа спасија едно лице и пронајдоа 21 безживотно тело, соопшти денеска сенегалското министерство на Х.


Несреќата се случила кај Кебемер, град на околу 180 километри северно од Дакар. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат додека властите трагаат по можни преживеани.

Чамецот превезувал луѓе кои се обиделе да влезат во земјата како непријавени мигранти, се додава во соопштението. Не е соопштено колку луѓе вкупно се наоѓале во чамецот.

Илјадници луѓе загинаа изминативе години во обид да стигнат до шпанските Канарски Острови од Западна Африка, вклучувајќи 635 во првите пет месеци од годинава, покажуваат податоците на групата за правата на мигрантите „Вокинг бордерс“ (Walking Borders).

Можете да прочитате

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат

Украина тврди дека погодила четири руски центри за управување со дронови

Најмалку четири лица загинаа во железничката несреќа во Египет