Утрински Весник
Македонија

Денес среда, 17 јуни ново силно невреме ќе ја зафати Македонија

Meteoalarm.mk 19.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на денешниот ден среда, 17 јуни територијата на Македонија ќе биде под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. Во ваква ситуација, денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ваквата ситуација апелирам кај граѓаните за поголема внимателност во случај на појава на невреме, силен ветер  и на силни електрични празнења.

И во делови од Скопскиот регион денес среда, 17 јуни ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до 30 степени.

Можете да прочитате

Полицијата ги пронајде учесниците во тепачката во Гостивар

Пеколно попладне во Скопје: Во 14 часот измерени 40 степени

Автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар