Утрински Весник
Македонија

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје

Bg amba.jpg

Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност”, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело.


Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело“ велат од МВР.

Можете да прочитате

Безживотно тело пронајдено на Шар Планина – интервенирал хеликоптер

Тага во Битола: Ивана загина на патот Битола–Прилеп, нејзината гимназија се прости со емотивна порака

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ