Утрински Весник
Македонија

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари

Policija negotino.webp.webp

Неготинец во полиција пријавил измама од 280.000 денари, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 12:40 часот во ОВР – Неготино, 66-годишен неготинец пријави дека бил измамен од машко лице за сума од 280.000 денари. Според пријавеното, тие усно се договориле пријавителот од септември 2025, да биде работно ангажиран за одреден месечен надомест, но, во периодот од јануари до август 2026 не бил исплатен, а во телефонски разговор пријавениот го навредувал и му се заканувал – информираа од СВР – Велес.

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Шокантни податоци од 26 училишта: Жените до 4,6 пати почесто изложени на сексуално вознемирување

Родителите на загинатите во „Пулс“ прашуваат: Зошто полицијата не го спречила концертот уште пред да започне?

Запален службениот автомобил на заменик директорот на Државна лотарија, Ахмет Мифтари