Утрински Весник
Свет

Трамп: Путин може да присуствува ако сака на самитот на Г20 на Флорида

1744390802 tramp.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 во Флорида закажан за декември, но додаде дека може да присуствува ако сака.

„Тој е секако добредојден“, им рече американскиот лидер на новинарите. Сепак, Трамп истакна дека некои учесници нема да бидат среќни да го видат Путин на дводневниот самит, закажан за 14 декември.


„Доколку зависеше од мене, би бил среќен да биде тука“, додаде Трамп. 

Кремљ соопшти дека се уште не е донесена одлука дали рускиот претседател ќе присуствува на самитот на Г20. Путин минатата недела по средбата со Трамп во Кина изјави дека ќе размисли дали да присуствува на форумот.

Трамп синоќа напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека би сакал Путин „да ја прекине целата воена агресија во Европа“ со цел да се постигне решение за конфликтот во Украина.

Можете да прочитате

САД го информирале НАТО дека го одложуваат планот за реорганизација на воените сили во Европа

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

ОН би можеле да влезат во 2027 година без генерален секретар: Големите сили не можат да се договорат