Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Туристичкиот развој на Берово е еден од приоритетите на Владата, во подготовка закон за туристички развојни зони

1787924841 large.webp.webp

Развојот на туризмот во Берово е еден од врвните приоритети на Владата, а државата подготвува закон со кој ќе се овозможи развој на туристички развојни зони, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашање за тоа што ќе преземе Владата за искористување на големиот туристички потенцијал на Берово, со оглед на ограничените можности на општината, Мицкоски посочи дека во тек е изработка на закон со кој ќе се регулираат туристичките развојни зони.

– Во процес на изработка е закон со којшто ќе бидат третирани туристичките развојни зони, коишто ќе бидат или државна иницијатива или приватна иницијатива, имајќи ги предвид лимитираните средства со коишто располагаат општините, рече Мицкоски.

Тој додаде дека инфраструктурата и експропријацијата во рамки на ваквите проекти би биле на товар на државата или на приватниот инвеститор кој евентуално би поднел барање за таков тип туристичка развојна зона.

Мицкоски најави и зголемување на субвенциите за дојдовни туристи, како и зголемување на процентот од приходите од игрите на среќа што ќе биде наменет за туризмот.

Премиерот оцени дека во Берово веќе се чувствува поголема туристичка раздвиженост.

– Мене ме охрабрува тоа што ми го кажа градоначалникот, дека оваа година веќе се чувствува поголема раздвиженост и неколку пати поголем број на туристи коишто го посетуваат Берово. Развојот на туризмот во Берово е еден од нашите врвни приоритети, истакна Мицкоски.

Во однос на иницијативата за развој на Беровското Езеро, тој рече дека донесувањето на законот е еден од предусловите за нејзина операционализација.

– Со тој закон ние како држава предвидуваме и поголеми субвенции за таквите инвеститори, нешто како што е Законот за поддршка на инвестициите, посочи Мицкоски, кој денеска го посети манастирот Успение на Пресвета Богородица.

Можете да прочитате

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија

Приведени 16 возачи, девет возеле без положен возачки испит

Финансиската полиција отвори предмет за сомнителен капитал во медиумите – АВМУ запре промена на сопственост на телевизија и радио