Утрински Весник
Македонија

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни

Kolovoz 2.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива без забрани и застои, а сите патни правци во државата се проодни. Намалена видливост поради магла од 50 до 60 метри има на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека на повисоките места во западните делови од земјата коловозите се влажни, додека во останатите региони се претежно суви.


Од претпријатието предупредуваат дека на патиштата кои минуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони и апелираат возачите да возат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и брзината да ја приспособат на условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, како што се наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Можете да прочитате

Сончево и постудено – 24info.mk

Мицкоски ја предизвика опозицијата да поднесе иницијатива за предвремени избори

„Престани да ме удираш“ – Стојановиќ сведочи за врсничко насилство на паркинг во Аеродром