Утрински Весник
Македонија

Конески: Луна Стефаноска избрана за потпретседателка на Европските Демократски Студенти

2154.png

Овие денови престојувам во Брисел, каде учествувам на годишното собрание на Европските Демократски Студенти, официјалното студентско тело на Европската Народна Партија. Унијата на млади сили постигна уште еден голем меѓународен успех. Меѓународната секретарка на Унијата на млади сили, Луна Стефаноска, е избрана за потпретседател на Европските Демократски Студенти, изјави претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески.

Ова е јасен индикатор за континуираниот успех којшто Унијата на млади сили го бележи на меѓународно ниво и јасен показател дека нашето место е на масата во Европа, каде што се прават најважните одлуки.


Унијата на млади сили изминатиот период макотрпно работеше за да се постигне овој уште еден голем резултат и понатаму ќе работиме во организациите каде што сме претставени во раководните тела за да продолжиме со јасна афирмација на македонските млади луѓе и да продолжиме да работиме секојдневно во нивниот интерес.

Унијата на млади сили во втор мандат по ред има потпретседател во највисокото тело на студентската организација на Европската Народна Партија и тоа е нешто што ќе продолжиме да го правиме во иднина се со цел подобро претставување на младиот Македонец во меѓународните рамки, рече Конески.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопјани ќе имаат единствена голема прослава за новогодишната ноќ, а градот ќе биде накитен до средината на декември

Обвинителството бара притвор за насилникот од гостиварско Топлица кој ја претепа сопругата

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо