Утрински Весник
Македонија

Левица: Широка народна мобилизација против концептот на ДПМНЕ за држава на привилегираните 

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Централниот комитет на Левица донесе заклучок дека Партијата во претстојниот период ќе продолжи со интензивирање на опозициското дејствување, широка народна мобилизација и организирано спротивставување на ретроградниот концепт на ДПМНЕ.


Во таа насока, Партијата ја утврдува својата определба за обединување на прогресивниот потенцијал во македонското општество. Наспроти политиките на владејачката десница, Левица ја темели својата политичка стратегија врз организирање и артикулирање на општественото незадоволство, преточувајќи го во институционално и вонинституционално дејствување, со цел за прекомпонирање на односот на политичките сили во Македонија.

Целокупната партиска инфраструктура, од локалните ограноци до пратеничката група, ќе биде насочена кон организациска експанзија, кадровската надградба и продлабочувањето на непосредната врска со народот.

Стратешката цел на Левица ги надминува рамките на перманентното опозиционерство. Партијата ја гради својата политичка перспектива како самостојна, принципиелна, идеолошки профилирана алтернатива решена за преземање на власта и суштинска преобразба на општествено-економскиот поредок во Македонија.

Можете да прочитате

Група лица претепале двајца работници на „Комунална хигиена“ на Партизанска

27-годишен прилепчанец пронајден мртов во затворот „Идризово“

Пиштол во Куманово, пиротехника во Тетово и седум нарушувања во Скопје на Денот на албанското знаме