Утрински Весник
Македонија

Двајца штипјани извадиле 90.000 денари од туѓа картичка

Bankomat.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и за „соизвршителство” во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем” и против Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство” во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем”. На 29.10.2025 од куќа на лице од Кочани, првопријавениот одзел паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција кој бил неуспешен.  

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова – Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

Амандманска расправа за предлог законот за Судскиот совет

МВР со највисока доверба кај граѓаните во борбата против корупцијата