Утрински Весник
Македонија

Возач нападнат, возилото оштетено на патот Јурумлери–Драчево!

Policija 1.webp.webp

На 21 декември 2025 година во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено кривично дело со елементи на насилство. Според пријавата, С.М. (47) од Скопје изјавил дека додека се движел со патничко возило од селото Јурумлери кон скопската населба Драчево, неговиот пат бил попречен од две возила.

Како што било пријавено, од возилата излегле М.С. и уште неколку други лица, кои физички го нападнале оштетениот, при што употребиле и тврди предмети. Во текот на нападот, било оштетено и неговото патничко возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Можете да прочитате

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда

Фирма од Струмица од 2020 до 2026 година неовластено вршела увоз, складирање и продажба на хемикалии