Утрински Весник
Скопје

КХС започна со поставување на новите контејнери

Viber image 2026 10 09 12 52 28 173.jpg

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.


Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје

Можете да прочитате

Граѓани во Чаир го блокираа „Цветан Димов“, еден од најпрометните булевари во Скопје

„Заедно за чисто Скопје“ нова еколошка акција ќе се одржи во среда

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!