Утрински Весник
Македонија

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда

Policija 3.webp.webp

На 16.10.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Јадранска Магистрала на надпатникот, товарно возило „ман” со приколка со гостиварски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во метална одбојна ограда.

По несреќата возачот Г.А.(70) од Гостивар бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември” каде од страна на лекар констатирана била смрт.


Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина каде е констатирано дека истиот починал од природна смрт.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Фирма од Струмица од 2020 до 2026 година неовластено вршела увоз, складирање и продажба на хемикалии

Приведени две лица при претреси во Кавадарци, пронајдена дрога