Утрински Весник
Македонија

Грчката амбасадорка ја напушти собраниската сала за време на говорот на Силјановска Давкова

58 Copy 53.jpg

Грчката Амбасадорка Софија Филипиду, ја напушти собраниската сала откако Гордана Силајновска Давковка за време на инагурацијата го користеше старото уставно име на државата без да користи Северна.

Ваквиот потег бил по инструкции на министерството за надворешни работи на Грција, така што таа веднаш откако Силајновска ја кажа заклетвата замина од Законодавниот дом.

Силјановска-Давкова во изборната програма и во предизборните настапи наведуваше дека при обраќањата и именувањето на државата, нема да ја користи придавката „северна“.

Гордана Силајновска Давкова имаше свечено обраќање пред пратениците и целиот дипломатски кор и за време на говорот неколку пати кажа Македонија, а веднаш по свечената изјава замина во Вила Водно каде ќе седне на столчето на досеганшиот претседател Стево Пендаровски.

Можете да прочитате

Фатен на дело: 57-годишен маж подметнал пожар во Ѓорче Петров

Бујар Османи: Размислувам за кандидатура за Чаир

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува