Утрински Весник
Македонија

„Разговори за иднината“: Политичката корупција да не застарува и да се проверува имотот на функционерите

Platforma 1205.jpg

Незастарување на кривичниот прогон и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот од политичка корупција, построги затворски казни и посебен закон за потекло на имот бараат организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“.

Во реакцијата на најавениот нов Кривичен законик, тие оценуваат дека станува збор за чекор напред, но бараат конкретни механизми за одговорност по последиците од измените од септември 2023 година.


Првото барање е воведување нов член 112-а, со кој би се предвидело незастарување на прогонот и конфискацијата за дела поврзани со политичка корупција. Предлогот ги опфаќа избраните и именуваните лица, како и јавните и државните службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал, а стекнале противправна имотна корист.

Вториот предлог се однесува на повисоки казни за противправно стекнување и прикривање имот. Во посочените одредби предлагаат минималните казни да се зголемат од шест месеци на три години и од една на пет години затвор, а максималните од пет на десет и од осум на петнаесет години.

Со третото барање предлагаат посебен закон за потекло на имот, кој би овозможил проверка на движниот и недвижниот имот на сегашните и поранешните избрани и именувани лица и нивните потесни семејства.

Организаторите ги критикуваат измените на Кривичниот законик од 2023 година, оценувајќи дека овозможиле застарување на предмети и избегнување одговорност. Бараат антикорупциските мерки да се применуваат еднакво, независно од партиската, етничката или верската припадност.

Можете да прочитате

Сведоштво на мајката на претепаната девојка од Охрид: „Напаѓачот мислел дека ќерка ми е мртва, барал помош од татко му за да се ослободи од телото“

Левица: На Тошковски му бегаат тепачи на жени од полициски станици, а МВР сѐ уште не поднесува кривична пријава!

Државата не се мери според ветувањата, туку според проблемите што ги решава!