Утрински Весник
Македонија

Фон дер Лајен ѝ честиташе на Силјановска Давкова за изборот за првa претседателка на Северна Македонија

Ursula Fon Der Lajen.jpg

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска Давкова за првa претседателка на Северна Македонија и рече дека нејзиното лидерство доаѓа во клучен момент, додека државата напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ.

Фон дер Лајен додаде дека со нетрпение ја очекува соработката со новата претседателка на Северна Македонија.

„И честитам на Гордана Силјановска-Давков што стана првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ, со нетрпение очекувам да работам со вас“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.

Силјановска Давкова е избрана за претседател на државата со мнозинство гласови. Таа денеска во Собранието положи заклетва со што официјално ја презеде фукцијата Претседател на државата.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница