Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Битола

Тетовка тешко повредена во сообраќајна несреќа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила во Битола.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила вчера утрото на ул.„Филип Втори Македонски“, меѓу три патнички моторни возила со битолски регистарски ознаки, и тоа: „шкода“, управувана од Б.Ј.(18) од Битола, „опел“, управуван од В.Г.(67) од с.Крклино, битолско и „ауди“, управувано од Т.К.(45) од Битола.

Во несреќата, возачот Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетник од Битола, сопатник во возило „шкода“, како и сопатниците во возилото „ауди“, Н.Н.(44) од с.Живојно, битолско и З.С.(54) од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси