Утрински Весник
Македонија

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево

847762301 1423116869911228 4715074644228080319 n.jpg

лужбеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во содејство со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршија претреси на две локации и лишија од слобода три лица од Скопје, З.Б.(61), М.Б.(35) и Б.(43).

Акцијата е реализирана по оформен предмет во Основното јавно обвинителство Делчево за кривичните дела „уцена“ и „загрозување на сигурноста“, предвидени и казниви по член 259 и член 144 став 2 од Кривичниот законик. Според пријавеното, неколку лица од Скопје упатувале закани по животот и телото на жител на Делчево, при што од него барале да им исплати 10.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе објават компромитирачки материјали.


При извршените претреси бил пронајден нелегален пиштол марка „М57“, калибар 7,62 мм, за кој по извршените проверки било утврдено дека потекнува од кривично дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Актерот Јолевски, историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави 

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро