Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Работната група за уставни измени добива пари за нешто за кое нема мандат да го прави

Мицкоски: Работната група за уставни измени добива пари за нешто за кое нема мандат да го прави

Работната група за уставни измени нема мандат да преговара  за промена на Уставот, а добиваат пари од буџетот, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, тие можат да добијат мандат за оваа работа само ако парламентот изгласа потреба за промена на Уставот.

dobivaj vesti na viber

„Ковачевки и Ахмети во Собранието треба да поднесе барање за промена на Уставот, па да се изјаснат пратениците“, рече Мицкоски.

Тој го повтори ставот дека уставни измени под овие услови нема да има, ниту во еден парламентарен состав.

„Дури и ВМРО-ДПМНЕ да се на власт, нема да има уставни измени под овие услови“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше власта дека би направила се’ за да остане на функција и да краде, а заборава дека доаѓа денот на одговорност.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана