Утрински Весник
Македонија

ДУИ жали што „огнената група“ самата се отстранила од партијата

ДУИ се сретнаа да разговараат, Огнените ќе почекаат нивните теми да стасаат на ред

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција денеска информира за вчерашната седница одржана во седиштето во Мала Речица и изразува жалење што од раководството „сами се отстраниле пет члена“, при што се мисли на припадници на „огнената фракција“.

dobivaj vesti na viber

Централното претседателство на ДУИ изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоотстранување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот комитет на 1 април годинава, се вели во соопштението од Мала Речица.

Меџити преку Фејсбук информира дека петте „огнени“ членови не биле поканети на седницата. Тој појаснува дека на состанок на Централното претседателство на партијата далеку од медиумите, не биле поканети тој, Блерим Беџети, Невзат Бејта, Муса Џафери и Висар Ганиу.

„На средбата дебатирале и размислувале што ќе прават со ‘огнената група’, дали ќе не избркаат, претседателот барал мислење од присутните, а за волја на вистината мал број се спротивставиле на оваа идеја поради нашата тежина на теренот, заради гласовите, заради анкетите, но казино – лобито предводено од г. Груби, кој за жал, изгледа станал и повлијателен од г. Ахмети и ја води ДУИ кон анархија, биле децидни да не избркаат, и добро е што не е време на монизмот па да можат и да не стрелаат“, вели Меџити.

ДУИ најави и избор на нови раководства во партиските ограноци што ќе се одржи на 2 јули.

„Овие избори во ограноците на ДУИ кои ќе се одржат по принципот ‘еден член’ гласање, ќе служи како платформа за колективно одлучување и ќе ги зајакне демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија. Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на патувањето до сега“, се вели во соопштението.

Меџити, пак, изборите ги толкува како начин за „огнените“ и дефинитивно да бидат отстранети подалеку од структурите на партијата.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон