Утрински Весник
Спорт

Дуро: Да го однесеме и вториот пехар во Струга

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Новиот шампион Струга Трим Лум стигна до историски успех во првенството, но има можност и да ја удвои радоста со освојување на двојна круна. Тимот на Шпетим Дуро се наоѓа во финалето на Купот и денеска (17 часот) на комплексот на ФФМ ќе ги одмери силите со Македонија ЃП.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на стружани очекува неговиот тим да ја искористи шансата да дојде и до вториот пехар оваа сезона.

„Чест и задоволство е да се игра, да се биде учесник, да се биде тренер во едно големо куп финале за една земја. И двете екипи според она што го покажаа досега во ова натпреварување и тоа како заслужија. Кога ќе се пласираш во едно финале значи имаш квалитет, тука нема никакви дилеми. Струга Трим Лум стана шампион, тоа за нас е голема работа, го донесовме пехарот во градот Струга. Ова за нас беше историски момент. Сега ни се дава шанса да дојдеме до двојната круна и ќе се обидеме да ја искористиме оваа шанса. Очекувам добар меч, добро финале, секако очекувам триумф на нашиот тим, на Струга Трим Лум“, изјави Шпетим Дуро.

Буњамин Шабани е еден од главните актери во тимот на Струга ТЛ, од него се очекува можеби да го реши и денешното финале. Тој верува дека неговиот тим може да го освои трофејот.

„Кога се игра еден ваков натпревар не ти треба дополнителна мотивација, значењето на самиот меч е доволно да те мотивира. Јас сум дел од најголемите успеси на Струга Трим Лум и затоа сум горд што пред некој ден станавме шампиони во првенството, сега на ред е двојната круна. Тимот од Ѓорче заслужува голем респект. Во првенството одигравме три меча и сите завршија без победник, веројатно тоа гарантира едно неизвесно финале. Сепак, ние сме шампиони и секако дека посакувам уште еден трофеј“.

Јубилејното 30. финале во Купот на Македонија ќе се одигра денеска, со почеток во 17 часот, на комплексот на ФФМ.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами