Утрински Весник
Македонија

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Monika zajkova pretsedatelka na ldp 3.jpg

Покрената е петиција со која се бара воведување електронски нараквици за следење на сторителите на насилство. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата, наведувајќи дека таа е подготвена по нивно барање.

Целта е да се обезбеди дополнителен механизам за надзор и заштита на жртвите.


Според законското решение што ЛДП претходно го предлагаше, електронското следење би овозможило навремено известување на жртвата и надлежните служби доколку сторителот ја прекрши судската забрана за приближување.

Партијата повторно го актуализираше барањето по случајот во Богданци, повикувајќи на проверка на институционалното постапување по пријавите за насилство и закани.

Предлогот за електронски нараквици не доби поддршка во Собранието во март годинава. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш оценија дека решението е недоработено и дека не се разјаснети надлежностите, постојаното следење и потребната техничка инфраструктура.

Зајкова, пак, тврдеше дека државата веќе располага со уреди во системот за пробација и дека е потребна политичка волја за нивна примена во заштитата од насилство.

Можете да прочитате

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Сончеви периоди претпладне, дожд навечер: Денеска промена на времето