Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен ветер ја погоди Анкара: летаа покриви, делови од згради

(Видео) Силен ветер ја погоди Анкара: летаа покриви, делови од згради
Ss2

Анкара во средата беше погодена од силен ветер, кој уништи поголем дел од градската инфраструктура. Уништени се покриви, згради, а еден запрепастен граѓанин снимил вирално видео кое, како што пишуваат локалните медиуми го покажува целосниот обем на катастрофата.

dobivaj vesti na viber

На небото над Анкара во еден момент беше забележан и кревет.

Img 5587

Според локалните медиуми, брзината на ветрот била и до 145 километри на час. На терен имаше дури 1.221 возило на градската служба и 2.565 вработени кои континуирано интервенираа по разорниот ураган. Како што информираше градоначалникот на Анкара, отворена е и посебна линија, пишува „Јутарњи лист“.

„Летечкиот кревет“, предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. „Ова не се случува“, напиша корисник на Твитер. „Кутри луѓе“, додаде друг. „Дали е птица, дали е авион – не, тоа е кревет!“ се пошегува трето лице.

Засега не се знае дали има повредени, а штетите од ураганот се уште се бројат, пренесуваат локалните медиуми.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56