Утрински Весник
Економија

Поевтинуваат дизелот и мазутот, бензините со иста цена

Се зголемува цената на бензинот

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,372 денар/кг и сега ќе изнесува 39,283 денари/кг.

Од 10.1.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,00 (денар/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 39,283 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата