Утрински Весник
Економија

ИСТРАЖУВАЊЕ НА EOS МАТРИХ ОТКРИВА: Расте бројот на лица на кои им е потребна поддршка за да ги исплатат долговите

Foto 4.jpg

Просечниот корисник на EOS Матрих има во просек 1,6 задолжувања и просечен долг од 3.811 евра, што е за околу 50 отсто повисоко од претходно анализираниот период.

Профилот на просечниот EOS должник станува сè посложен, со повисок просечен долг и разновидни финансиски обврски, што наметнува потреба од индивидуализиран пристап во управувањето со задолжувањето. Анкетата која ја спроведовме со наши корисници во период од 30 дена покажа дека сите се задоволни од целокупната услуга која ја добиле од EOS Матрих. Исто така, сите испитаници се задоволни од поддршката или помошта што ја добиле во процесот за изнаоѓање решение за финансиските обврски. Високи 93% се изјасниле дека добиле јасни и лесно разбирливи информации. Само 7% биле делумно задоволни од добиените информации.


Анкетата покажува дека наспроти самостојното управување со финансиите, професионалната поддршка креира процеси кои нудат решенија кога обврските стануваат сложени и бараат договорени чекори и постапка за отплата.
Катерина Бошевска, главниот извршен директор на EOS Матрих Македонија и EOS Косово вели дека исклучително високиот процент на задоволство кај корисниците е рефлексија и на професионалниот однос на вработените во EOS Матрих.
“Добиваме јасен сигнал дека потребата од професионална и индивидуализирана поддршка се зголемува. Истражувањето покажува дека се менува финансиското однесување на граѓаните, и особено сме горди што сите анкетирани корисници се изјасниле дека се задоволни од услугата што ја добиваат од EOS Матрих. Ова е резултат на долгогодишното искуство и на нашата посветеност да се изгради доверба со секој корисник на нашите услуги. Како еден од водечките чинители на секундарниот финансиски пазар, компанијата има значајна улога во управувањето со побарувањата и поттикнување на ликвидноста во домашната економија”, вели Катерина Бошевска, главниот извршен директор на EOS Матрих Македонија и EOS Косово.

Компанијата управува портфолио со околу 150.000 предмети што опфаќаат побарувања од физички и правни лица на домашниот пазар. Деловниот модел придонесува за поефикасна наплата на побарувањата и враќање на средствата во економските текови, со што се потврдува значајната улога на EOS Матрих.

Како изгледа просечниот EOS корисник

Просечниот корисник на услугите на EOS Матрих Македонија, е маж на 48 години, со речиси две задолжувања (1,6) и просечен долг од 3.811 евра, што е за околу 50 отсто повисоко од претходно анализираниот период. Ова го потврдува трендот на презадолжување кај граѓаните и ја потврдува улогата на ESO Матрих како носител на процес што овозможува корисниците повторно да се во можност да користат банкарски или друг тип на финансиски продукти.
Возраста на корисниците кои беа опфатени со истражувањето е од 18 до 89 години. Најмладиот корисник е сопственик на микрофинансиски производ, додека највозрасниот располага со трансакциска сметка. Лицата на возраст од 41 до 55 години се доминантната возрасна категорија според бројот на задолжувања.

Според половата распределба, мажите сочинуваат околу две третини од корисниците, при што жените покажуваат поголема ефикасност во навременото сервисирање на своите обврски.

Повеќе од 58% од корисниците имаат само едно задолжување, но постојат и корисници со дури 9 или 10 долгови создадени преку користење на различни финансиски продукти.

Младите на возраст до 25 години во просек подоцна започнуваат со отплата на задолжувањата во споредба со повозрасните корисници, меѓутоа побрзо ги исплаќаат задолжувањата. Најчеста причина за неможноста побрзо да ги сервисираат обврските се невработеноста, но откако стапуваат во работен однос, за пократок период го исплаќаат задолжувањето во целост. Од друга страна, повозрасните корисници отплаќаат парцијално и на подолг период.
Причините за неплаќање кај повеќето корисници се финансиската нестабилност и неочекувани животни околности, како што се задоцнета плата, престанок на вработување, презадолженост и слично.

Најголемата категорија на корисници должи под 2.000 евра. Помалиот износ на долг значи и поголема веројатност за побрза отплата, а нашата статистика покажува дека речиси 30% од корисниците кои EOS ги презема го затвораат побарувањето во целост, благодарение на индивидуализираниот пристап и улогата на EOS Матрих како финансиски советник во комуникацијата со корисниците.

Најчестиот продукт на задолжување се разликува според возраста. Кредитите доминираат кај повозрасната категорија корисници, додека кредитните картички и микрофинансиските производи се најчести кај помладата популација. Во споредба со претходниот анализиран период, се забележува значително зголемување, односно за 25% на бројот на корисници кои имаат микрофинансиски производ.

Просечниот износ на уплата изнесува околу 1.200 евра, при што дури 48% од корисниците имаат извршено одредена уплата – парцијална или целосна.

Истражувањето покажа дека најголем дел од корисниците се сконцентрирани во Скопје, а по него следат Гостивар и Тетово.

Дигитална трансформација во комуникацијата со корисниците

Во последните две години се забележува значителен раст на бројот на корисници кои активно користат платформа за онлајн плаќање и отвораат профили на платформата MyEOS. Ова покажува дека комуникацијата се сели од традиционалните телефонски разговори на дигитални канали како е-маил и други апликации за брзи пораки.

По лансирањето на платформата MyEOS и воведувањето на овој начин на плаќање, бројот на регистрирани корисници во првата година изнесуваше близу 100, а во наредните години растот достигна неколку стотици корисници. Овој тренд се поврзува со поголемата отвореност на младата популација кон модерните дигитални решенија. Иако повозрасните корисници ја задржуваат навиката директно да комуницираат со агентите и тие се најчестите посетители директно во канцелариите на EOS Матрих.

Промените во начинот на комуникација кај нашите корисници се совпаѓаат со податоците од студијата на EOS Group „EOS Banking AI Barometer”, според која 46 проценти од европските потрошувачи потврдуваат подобрена комуникација со банката благодарение на вештачката интелигенција. Истото истражување покажува дека 29 проценти од анкетираните за чувствителни финансиски теми попрво би разговарале со AI отколку со човек, додека 61 процент сакаат проактивни AI-предупредувања при закана од пречекорување на сметката.

Можете да прочитате

Од полноќ поевтин бензин и поскап дизел

Развојните банки обединуваат сили за критичните суровини: поддршка од ископ до рециклирање

Над 50 милиони евра повеќе странски инвестиции: Македонија ја потврдува својата индустриска перспектива