Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДС за почист воздух се чист популизам кој нема да смени ништо

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДС за почист воздух се чист популизам кој нема да смени ништо

Шутаров овие барања со кои трет ден парадира СДС требаше да му ги пренесат на Ковачевски кој како тема можеше да ги отвори на една од тајните средби со Арсовска каде наместо тендери во 4 очи можат да прифатат пакет мерки за почист воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата  на Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, кој повика советниците во Скопје да ги поддржат мерките на СДСМ за борбата со загадувањето.

dobivaj vesti na viber

„СДС е 7 години на централна власт, а полумерките на советникот Шутаров нема да сменат ништо и се чист популизам. Наместо да го местат да чита проза и поезија потребни се суштински мерки за почист воздух кои не може да се имплементираат без владата. Никој во Скопје не верува дека почист воздух ќе има ако се обезбеди бесплатен превоз во ЈСП, или еднократно се доделат пари под ставката животна средина. Со ваквите полумерки само СДС и Шутаров отвораат пат за нови субвенции кои Градот треба да ги додели на директорот на ЈСП кој доаѓа директно од штабот на СДС“, се наведува во реакцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, мерките се да се наполни буџетот на сдсовскиот директор за да може Арсовска и Ковачевски да прават нови тендери во 4 очи како оној што ЈСП го направи со Пуцко Петрол кој припаѓа на пратеник од власта.

„Ако Шутаров од СДС има чесна намера нека ја собере коалицијата ДУИ, Левица, СДС и нека побараат од владата итни мерки“, велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда