Утрински Весник
Македонија

Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немањето поддршка од министерството за култура

Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немањето поддршка од министерството за култура

„Задоволство ми е да ги поканам сите љубители на добрата забава и на љубителите на традицијата и македонските обичаи да дојдат на 13 –ти и на 14-ти јануари во Вевчани, да го посетат Вевчани и да бидат дел од уште едно издание на Вевчанскио карневал“, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека на 13-ти јануари, во 13 часот започнува Василичарското дефиле кое продолжува кон центарот на Вевчани со играње на оро. А, потоа дефилето продолжува низ вевчанските улици. Традиционалните вевчански маски, зетот и невестата ќе ја посетат секоја куќа во Вевчани. Тој дел на 13-ти јануари завршува со полнење на вода на Вевчанските извори. Вечерта на 13-ти јануари е проследена и со забавен дел со познати македонски музички имиња, објасни оганизаторот.

„На 14-ти јануари продолжува карневалот, значи уште од раните утрински часови василичарите организирано ќе ја посетат секоја вевчанска куќа каде што има човек кој што се вика Васил, бидејќи на 14-ти веќе е Свети Василија, именден на секој кој што се вика Васил. И манифестацијата продолжува во центарот на Вевчани со познатото Василичарско оро и трае неколку часови, и некаде накај 17 часот вечерта завршува Вевчанскиот карневал“, рече градоначалникот.

Тој нагласи дека веќе втора година нема финансиска поддршка од министерството за култура. „Минатата година таа поддршка што во минатото ја имало од министерството за култура веќе ја нема. А, причината зошто веќе министерството за култура не го поддржува Вевчанскиот карневал не се знае, барем од министерството не ја соопштуваат“, вели тој.

„Најдовме начин да се организираме, повторно се да биде како што треба“, појасни Кочовски.

Додаде дека сите граѓани на Македонија се поканети на 13-ти и 14-ти јануари да дојдат на Вевчанскиот карневал.

Можете да прочитате

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија