Утрински Весник
Свет

„Џонсон и Џонсон“ побара одобрување на вакцината во САД

„Џонсон и Џонсон“ побара одобрување на вакцината во САД

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ потврди дека побарала одобрување на вакцината против коронавирус од американските здравствени регулатори, додавајќи дека во следните недели ќе побара одобрување и во Европската унија.

„Џонсон и Џонсон“ поднесе барање за одобрување на вакцината до Управата за храна и лекови на САД (ФДА) откако на крајот на јануари објави извештај дека нејзината вакцина е ефикасна во спречување коронавирусот во 66 проценти од случаите.

Тоа е вакцина со една доза, што може да го забрза снабдувањето со вакцини и да ја поедностави кампањата за вакцинација во САД. За разлика од вакцината на „Фајзер“,  вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не треба да се замрзнува за време на дистрибуцијата.

Пол Стофелс, главен научник на „Џонсон и Џонсон“, минатиот месец објави дека вакцината може да се дистрибуира во март.

„Откако ќе добиеме одобрение за нашата вакцина, подготвени сме да ја испратиме“, рече Стофел.

Компанијата објави дека во следните недели ќе испрати барање за условно одобрување на вакцината и до Европската агенција за лекови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Самит на ЕУ: Скапата енергија ги притиска европските лидери, се бараат итни мерки пред зимата

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала