Утрински Весник
Спорт

Историски триумф за БиХ на Мундијалот, Швајцарија го завери пласманот понатаму

Img 7805.jpeg

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на чекор до историски пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, откако во Сиетл го совлада Катар со 3:1 во натпреварот од третото коло во групата Б.

„Змејовите“ одиграа одличен натпревар и направија огромен чекор кон осминафиналето, а селекторот Сергеј Барбарез повторно доби полн погодок од своите измени. Ермин Махмиќ, кој влезе од клупата, го постигна својот втор гол на турнирот и ја запечати една од најзначајните победи во историјата на босанскиот фудбал.


Босанците поведоа во 29. минута преку Алајбеговиќ, кој постигна прекрасен погодок за 1:0. Само пет минути подоцна следуваше нов удар за Катар, откако Ал Браке си постигна автогол за водство на БиХ од 2:0.

Катар успеа да се врати во игра пред паузата, кога Ал Хајдос во 42. минута намали на 2:1, но сите дилеми околу победникот ги реши резервистот Мемиќ, кој во 80. минута ја затресе мрежата за конечни 3:1.

Во вториот натпревар од групата Б, Швајцарија ја победи домашната селекција на Канада со 2:1 во Ванкувер и го обезбеди првото место во групата и пласманот во 1/16-финалето.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Швајцарците поведоа веднаш по почетокот на продолжението преку Варгас, а Манзамби во 57. минута ја зголеми предноста на 2:0. Канаѓаните успеаја само да го ублажат поразот преку Промис Дејвид во 76. минута, само една минута по неговото влегување во игра.

По третото коло, Швајцарија е лидер во групата Б, додека Босна и Херцеговина е многу блиску до историски успех и пласман меѓу најдобрите селекции на Светското првенство.

Можете да прочитате

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

Мининални победи на Хрватска и Колумбија

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја