Утрински Весник
Свет

СЗО: Европа е повторно епицентар на заразата

СЗО: Европа е повторно епицентар на заразата

Европските земји се соочуваат со нови дневни рекорди на зараза со Ковид-19, а Светската здравствена организација предупредува дека таквата висока стапка може да доведе до половина милион дополнителни смртни случаи до февруари.

Според СЗО, темпото на пренос на вируси во Европа е многу загрижувачко.

„Повторно сме епицентарот. Сегашното темпо на инфекција во 53 земји во европскиот регион е многу загрижувачко. Ако останеме на тој пат, би можеле да имаме уште половина милион смртни случаи предизвикани од Ковид-19 до февруари“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге на видео конференција, пренесе Ројтерс.

Можете да прочитате

Русија со балистички напад врз Киев, погодена станбена зграда

Тајфун ја погоди јужна Кина, евакуирани над 715.000 луѓе

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе