
Богданци денеска го потресе тешка трагедија, откако две безживотни тела беа пронајдени во и околу опожарено возило на неколку километри од градот.
Според новите детали во возилото е пронајдена седумнаесетгодишна која била убиена од нејзиниот 21 годишен партнер кој подоцна се самоубил.
Според информациите од институциите, девојката претходно пријавила физичко насилство од својот партнер.
Само еден месец претходно, на 30 септември, тој физички ја нападнал во својот дом, а на 1 октомври бил лишен од слобода.
Сомневањата дека убиство и самоубиство се случило кај Горно Село близу Богданци ги потврдуваат и од надлежното јавно обвинителство.
„Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“ се вели во соопштението на Обвинителство.
Оттаму додаваат дека јавен обвинител излегол на терен и дека еИздадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор.



