Утрински Весник
Свет

Пад на цените на нафтата по сигналите за можно дипломатско решавање на војната против Иран

Nafta.webp.webp

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 106 долари за барел поради сигналите од  за дипломатско решавање на војната против Иран и новиот круг разговори во регионот.

На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 105,83 долари, што е за 7,60 долари помалку во споредба со цената во петокот.


На американските берзи нафтата се тргуваше за 96,95 долари односно за 7,17 долари поевтино од петокот.

Октомври заврши со највисока цена по барел во изминатите шест месеци, поради стравувањата од ескалација на состојбата на Блискиот Исток по среднорочните избори во САД, што ќе се одржат во вторник.

Можете да прочитате

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат

Украина тврди дека погодила четири руски центри за управување со дронови