Утрински Весник
Македонија

Предлози за казнени налози за 13 лица во Скопје

За двомесечниот полициски час во Тетово 168 кривични пријави против 229 сторители

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Заради непочитување на полицискиот час, Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поведе постапка против 13 лица.

– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за сите обвинети побара парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори 

Во Охрид почина деветмесечно бебе