Утрински Весник
Македонија

Николовски тврди дека нема прпукувања во СДСМ поради изборот на кандидатите за градоначалници

Николовски тврди дека нема прпукувања во СДСМ поради изборот на кандидатите за градоначалници

Вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски тврди дека во партијата нема никакви дилеми, ниту препукувања во однос на изборот на кандидатите за градоналници.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска во Македонска Каменица, Николовски подвлече дека СДСМ убедливо води во источниот регион, а одлуките за имињата на кандидатите што засега не се објавени, најверојатно ќе бидат познати до крајот на месецот.

„Промовиравме 51 кандидат за градоначалник. Остануват уште над десетина општини. Имаме во последниот круг на одлучување општини во кои СДСМ води со над десет или 15 проценти. Во Крива Паланка водството на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ е 2:1. Секој еден кадндидат ќе го победи кој било друг. Целта е да ги одбереме најдобрите кандидати. И во Кочани водството на СДСМ е огромно пред ВМРО-ДПМНЕ, во Центар, во Струмица, во Шуто Оризари и во многу други општини. Исто и во Македонска Каменица“, подвлече Николовски.

 

Тој образложи дека има повеќе кандидати, а партијата сака да ги одбере најдобрите, притоа, внимателно носејќи ги одлуките.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”