Утрински Весник
Македонија

Пијани малолетници во локал во Карпош, еден заврши на Токсикологија, осум лица приведени

Policija.jpg

Денеска (01.11.2026), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетни лица во угостителски објект на подрачјето на општина Карпош, извршиле контрола во објектот, при што затекнале малолетни лица во видно алкохолизирана состојба.

Во Полициската станица Карпош биле приведени осум лица. При извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот.


Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“.

Можете да прочитате

Фрчкоски: СДСМ бара истрага и кривична одговорност од Мицкоски и Славески за Алта банка

Две лица лишени од слобода во Гостивар, пронајдени кокаин и марихуана

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци