Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада

ВМРО-ДПМНЕ: Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела  влада

Началникот миленик на Заев и Спасовски фатен како зема мито, е пример како работи цела влада. Ељхам Шкрета, началникот кој беше уснимен како бара и зема мито од 120 евра на граница, е истиот тој кој се закануваше на социјалните медиуми, во одбрана на Заев и Спасовски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Шкрета беше заштитник на Заев и Спасовски на социјалните мрежи. Дали тоа се должело на неговите нелегални активности и криминал кој го правел?

Потребен беше странски медиум да открие криминал во МВР, наместо внатрешната контрола. Ова говори дека Шкрета е штитен од врвот на МВР.

Случајот со Шкрета е само еден пример како функционира оваа власт која е во срж корумпирана.

На луѓе им се бара мито и се прави криминал од граница до генерален секретаријат на влада.

Системот на СДСМ е трул, и го гризе општеството, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ: Нов ден нов скандал на власта, дали со ПР и манипулации власта ја крие неспособноста да се справи со пожарите?

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16

Уживајте во сонцето до 25 септември, потоа многу поладно и врнежливо!