Утрински Весник
Македонија

Детали за убиството во Охрид: Старецот бил задавен со голи раце

Ohrid svr policija.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Г.(53) од тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство” по член 123 од Кривичниот законик.

Тој,  на 25.03.2026 година околу 18.30 часот, во домот на К.М.(76) од Охрид, предизвикал вербална расправија по што, искористувајќи згодна прилика, физички го нападнал а потоа со раце предизвикал негово задушување.


СВР Охрид, по преземени мерки и координација со МВР и јавниот обвинител, вчера (27.03.2026) распиша централна потерница по што, во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода.

Можете да прочитате

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони