Утрински Весник
Спорт

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Fudbal.jpg

Младинската репрезентација на Македонија (до 21 година) доживеа тежок пораз од Италија во квалификациите за Европското првенство, откако во Емполи загуби со 4:0. Со овој резултат, македонскиот тим по седум кола останува со само една победа и зазема петто место во групата Е.

Домаќинот Италија поведе уште во третата минута со голот на Шер Ндур. Во почетокот од второто полувреме противникот за само две минути постигна два гола, Лука Липани во 49.минута и Џеф Ехатур во 50.минута. Конечните 4:0 ги постави Сејду Фини во 86.минута од пенал.


Во следното коло, македонските младинци ќе гостуваат кај Ерменија на 31.март, селекција која моментално е последнопласирана во групата.

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија