Утрински Весник
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ВИКЕНДОВ: Северен ветер и врнежи од дожд и снег

Meteoalarm.mk 2.jpg

Метео анализа на на Славчо Попоски:

Променливото и релативно ладно време за самиот крај на месец март продолжува и викендов со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен а повремено и со умерен интензитет а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На планините пак и на повисоките места со надморска височина од над 1000/1100 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен Долж Повардарието.


Во Скопје  и околината викендов времето ќе биде променливо со повремено засилен ветер од северен правец  и со услови за послаби локални врнежи од дожд а на околните повисоки планини врнежите ќе бидат од снег.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 14 степени.

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија