Утрински Весник
Македонија

Дончиќ: Силна поддршка од СДП Хрватска за СДСМ и Филипче

Sdsm i sdp hr 11.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Социјалдемократската партија на Хрватска силно ја поддржува СДСМ и европската перспектива на Македонија, порача претседателот на СДП, Синиша Хајдаш Дончиќ, на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на СДСМ, Венко Филипче.


„СДП на Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Македонија, а силно ја поддржуваме и нашата партнерска партија во Македонија СДСМ. Треба да знаете дека Европската Унија е само средство за остварување на вашите национални цели, а тоа е благосостојба, односно полна вработеност и пријатен живот за сите граѓани на Македонија. На тој пат имате искрен пријател во СДП на Хрватска, искрен пријател и во мене. “, рече Хајдаш Дончиќ.

Тој посочи дека Европската Унија носи огромни придобивки за напредокот на државата.

„Тој пат е трновит и можеби Европската Унија не е идеална, но за мали народи како хрватскиот и македонскиот, во ова глобално опкружување, јас не гледам подобра асоцијација во моментов”, рече Хајдаш Дончиќ.

Можете да прочитате

17 возачи уапсени поради безобѕирно управување со моторно возило

(Видео) Автобус се запали на автопатот Велес – Скопје

Ново брутално насилство во Скопје, ја извлекол од дома екс партнерката и ја тепал по улица