Утрински Весник
Свет

„Блиц“: Нема напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Курти одбива компромис

Во Брисел нема напредок по ниту едно прашање, бидејќи приштинскиот премиер Албин Курти одбива каков било компромис, пишува српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на свои извори од Брисел.

dobivaj vesti na viber

Како што наведува весникот, во текот на вечерта или утре во текот на денот се очекува најважното обраќање на Вучиќ до нацијата.

Претходно денеска претседателот на Србија од Брисел закажа средба со Србите од Косово, која ќе се одржи во недела во 11 часот во палатата „Србија“. На средбата беа поканети сите политички и институционални претставници на Србите во Косово, лидерите на Српската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи, директори на болници.

„Поканата на Вучиќ до Србите на средба е сигнал за лоши вести од Брисел“, вели изворот на „Блиц“.

Вучиќ и Курти со претставници од ЕУ разговараа речиси два часа.

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната