Утрински Весник
Балкан

Земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција, следуваа уште пет потреси

Zemjotres1.jpg

Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди западниот дел на Турција, по што во истиот регион беа регистрирани уште пет послаби потреси.

Според објавените сеизмолошки податоци, земјотресот бил регистриран во 16:39 часот по македонско време, на длабочина од 10 километри.


Во следните 14 минути биле регистрирани дополнителни пет земјотреси, со магнитуда од 2 до 2,8 степени.

Сеизмичка активност попладнево е регистрирана и на Балканот. Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени ја погоди Грција, додека во Албанија бил регистриран потрес со магнитуда од 2,1 степен.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Можете да прочитате

Лажел дека има акутна леукемија: Добил донации од 190.000 евра

Двојно убиство ја потресе Албанија: Полицијата истражува можна криминална одмазда

Уапсен таткото на тинејџерот што пукаше во средно училиште во Крагуевац