
Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти денеска египетското Министерство за здравство.
Несреќата се случила над тунел во предградието Гиза, кога се превртел и се запалил камион што превезувал плински боци, кои потоа експлодирале и предизвикале ширење на огнот и кон други возила. Според локалните медиуми, се очекува бројот на загинати дополнително да се зголеми.
На местото на несреќата биле испратени вкупно 39 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во три болници, соопшти египетското министерство.

