Утрински Весник
Спорт

Навивачи дивееја во Хрватска, прекинаа пријателски натпревар

Пријателскиот натпревар, далматинското дерби меѓу Задар и Шибеник, беше прекинат по еден час игра, поради расистички скандал и дивеење на неколку навивачи.

dobivaj vesti na viber

Дуелот меѓу Задар и Шибеник беше прекинат во 65. минута кога гостите водеа со 4:2 поради дивеење на навивачите. Гледачите уште од првата минута го навредуваа играчот на Шибеник Матиќ на национална основа, а потоа му се „нафрлија“ на Колумбиецот Маркос Мина. Него го навредуваа на расна основа.

Сè кулминираше со фрлање банани на теренот и стаклено шише кон играчите, а судиите потоа решија да го прекинат натпреварот.

Можете да прочитате

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри