Утрински Весник
Македонија

Зеќири: Враќањето на оградата има симболика

Ograda Vlada.webp.webp

На втората владина седница одржана од новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука за враќање на железната ограда која претходната власт ја отстрани, како еден вид ослободување од таканаречениот режим.

Подоцна истиот ден оградата беше лоцирана и како што изјави новоназначениот директор на СОЗР таа била најдена во незаводна состојба.

Архитектот на оградата Бетим Зеќири рече дека материјалниот аспект не е толку важен колку изолацијата на институциите и граѓаните. Според него, во рамките на проектот Скопје 2014 е обезличен архитектонскиот дух на главниот град со поставување на барокни фасади.

„Поставувањето на оградата има симболика дека некој се заштитува од другиот, но во овој случај мислам дека не треба да се плашиме од овие физички бариери. Построги се апстрактните бариери кои се создадоа, како што се затворање во себе и давење во мито и корупција… На почетокот, со отстранувањето на оградата, имаше симболика на демократизација, додека сега е враќање на претходната состојба“, смета Зеќири.

Зад оградата во тоа време останаа белите гранитни столбови, чие отстранување беше кажано дека ќе чини многу.

Оградата околу зградата на Владата висока 2,5 метри беше поставена во 2015 година, кога зградата доби нова барокна фасада. Чинеше околу 700 илјади евра.

Можете да прочитате

Покрај Талевски Давкова ги помилува и Шенки Версаче и брат му

Во недела ја славиме Света Петка: На луѓето им се јавува на сон поради овие 2 причини

Пријавени притисоци врз Вишото јавно обвинителство