Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Foto.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес.


Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.

Можете да прочитате

Охриѓанец уапсен заради детска порнографија

СДСМ: Пет години Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Удар по џебот, распродажба на јавниот имот, непотизам и скандали!

По години запоставување, здравството влегува во нов инвестициски циклус