Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пет години Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Удар по џебот, распродажба на јавниот имот, непотизам и скандали!

Pavel ivanov .jpeg

Прес конференција на Павел Иванов, претседател на Општинска организација на СДСМ Штип

Пет години локална власт на ВМРО-ОКГ во Штип и една година од новиот мандат на Иван Јорданов.


Освен удар по семејниот буџет на граѓаните на Општина Штип, продажба и давање под закуп на јавниот имот, непотизам, бројни скандали и криминали поврзани со блиски соработници на Јорданов. Друго граѓаните не видоа. 

Големиот број од ветените капитални проекти и понатаму остануваат нереализирани.

Со Јорданов и Организираната криминална група, џебот на граѓаните е пократок.

Цената за престој на децата во штипските градинки е зголемена за над 34% од 1.490 на 2.000 денари.

Годишниот билет за паркирање е поскапен за 250% , од 2.000 на 7.000 денари.

Услугата за собирање смет во првиот мандат е зголемена за 110 %, а во новиот мандат дополнително за 35 %.

Советниците на ВМРО -ОКГ и ЗНАМ изгласаа и покачување на погребалните услуги  за цели 100 %.

Смет има на секој чекор, контејнерите се преполни, депонијата често гори, а проблемите со водоснабдувањето продолжуваат, поради уништениот бунарски систем кој требаше да биде алтернативно решение во случај на прекини од ХС Злетовица.

ЈП Исар постојано касни со исплатата на плати на вработените.

Во исто време кога цените на услугите растат, општинскиот имот се раскрчмува преку продажба или закуп.

Најилустративен е примерот со Дино паркот.

За неговата изградба од општинскиот буџет се издвоени 50 милиони денари. Само еден месец по отворањето, Советот донесе одлука за негово давање под закуп на приватен сопственик.

ЈП „Исар” во 2026 година објави и постапки за продажба на недвижен имот во сопственост на претпријатието.

Хотел Гарни се продаде за цена под пазарната, за сега сопственикот да го продава за 450.000 илјади евра.

Дали Штип создава јавен имот за да го користат граѓаните или создава имот кој подоцна ќе се дава под закуп на приватни инвеститори и ќе се продава?

Паралелно со зголемените цени и распродавањето со јавен имот, голем број најавувани капитални проекти и понатаму не се реализирани.

Паркот „Иднина”, обиколницата „Пребег” и резервоарот во Населба „Пребег” остануваат проекти за кои граѓаните со години слушаат најави.

Во вториот мандат и понатаму го нема најавуваниот мега-парк со езера во населбата Света Недела.

Нема нова детска градинка.

Нема дом за стари лица.

Нема стационар за бездомни кучиња.

Нема сала за боречки вештини.

Нема нов студентски дом.

Луна-паркот, кој долго време се најавува, се уште е без идејно решение и проект.

Спортската сала Џексон е под сомнежи за злоупотреба и изигрување на законот. Договор вреден 1,1 милиони евра, за подоцна се склучи нов договор за дополнителни работи поголем од првичниот.

Наместо трајни инвестиции, повеќе од 8 милиони денари се трошат секоја година за новогодишно украсување , односно за изнајмување украси.

Дополнителна причина за загриженост се случаите и кривичните пријави кои во јавноста се поврзуваа со лица блиски до градоначалникот.

Јавноста беше информирана за случајот со личниот возач на градоначалникот и кривичната пријава поврзана со кражба на нафта тешка 18 милиони денари, за кривична пријава против директор на детска градинка, поставен од Јорданов, за случајот со изградбата на дивоградба на секретарката на Општината, како и за кривичната пријава за измама против близок соработник на градоначалникот.

И уште еден случај кој е јасна слика за владеењето на оваа ненародна и расипничка власт е затварањето на ООУ „Гоце Делчев”.

Наместо отворање и реконструкција на постојаните училишта, Јорданов и неговата организирана криминална група затвараат училишта.

5 години на Јорданов во Штип се 5 години на грабеж на граѓаните, распродажба, непотизам, скандали и дилови.

Можете да прочитате

Охриѓанец уапсен заради детска порнографија

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

По години запоставување, здравството влегува во нов инвестициски циклус