Утрински Весник
Спорт

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

20260121224223 big 730x400 52 1.webp.webp

Со одигрувањето на двата натпревара од Е групата во Малме комплетирана е првата фаза на Европското првенство во ракомет. Во дуелот за првата позиција во групата кодомаќинот Шведска ја совлада Хрватска со 33:25, додека Холандија беше сигурна во дуелот со Грузија и ја постигна првата победа со 31:26.

Во новоформираните групи 1 и 2 репрезентациите кои играа меѓу себе ги пренесуваат резултатите, па така во Главната фаза ќе се играат уште четири дополнителни кола.

Во групата 1 по два бода имаат: Германија, Франција и Португалија, додека без бод ќе стартуваат: Данска, Шпанија и Норвешка. Во групата 2 по два бода ќе имаат: Шведска, Словенија и Исланд, додека без бод се Хрватска, Унгарија и Швајцарија.

Според резултатите од групите другите 12 репрезентации се рангирани од 13 до 24.место, а редоследот е следен: Фарски острови, Македонија, Холандија, Австрија, Чешка, Србија, Грузија, Полска, Романија, Црна Гора и Украина.

Денес на програмата се дуелите од групата 1: Германија – Португалија, Шпанија – Норвешка и Данска – Франција. 

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале