Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка утрово најстудено -4 степени и снежна покривка од 33 сантиметри

Studeno Vreme.jpg

Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР.

Измерени биле -4 Целзиусови степени на Попова Шапка, -3 – Kрушево, -2 – Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 – Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија.

Снежната покривка до седум часот изутринава изнесувала 33 сантиметри на Попова Шапка, 15 – Маврови Анови, 13 – Битола, 8 – Ѓуриште, 7 – Крушево, 5 – Тетово, Штип, 2 – Берово, Претор, Струмица, 1 – Виница, Крива Паланка.

Најмногу дожд изминатите 24 часа имало во Гевгелија. Според податоците на УХМР, 14 литри на квадратен метар во Гевгелија, 8 – Струмица, Ѓуриште, 7 – Маврови Анови, 6 – Битола, Берово, 4 – Скопје- Петровец, Пожаране, Штип, Претор, Виница, 3 – Тетово, 2 – Крушево, Крива Паланка, 1 – Велес, Охрид, Скопје -Зајчев Рид, Тополчани.

Според синоптичарите, денеска ќе биде малку потопло во споредба со вчера. Претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе има појава на магла во одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 Целзиусови степени. 

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра